8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Независимаја газета“: Намалената побарувачка за дизел може да сигнализира рецесија

Рецесијата или забавувањето на големите светски економии останува клучен економски ризик во моментов, вклучително и за Русија, пишува „Независимаја газета“.

Потрошувачката на дизел во последните неколку дена е намалена Европа, Кина и во САД, каде што се намалуваат и цените на горивата.

Експертите предупредуваат дека побарувачката за дизел гориво е индикатор за економска активност што укажува на трошење од страна на домаќинствата, а очекуваниот пад во побарувачката за дизел гориво првенствено сигнализира пад во индустриските и потрошувачките активности, што укажува на растечки ризик од рецесија во економијата.

„Клучниот ризик од падот на цената на нафтата на глобално ниво во услови на банкарска криза сега е зголемената веројатност за рецесија во САД и Европа. Ако тоа се случи, ОПЕК, предводен од Русија и од Саудиска Арабија, веројатно повторно ќе го намали производството на нафта“, истакнува Артјом Акдерли, постар брокер во „БЦС ворлд оф инвестментс“.

Со оваа констатација се сложува и Владимир Чернов, аналитичар во „Фридом фајнанс глобал“.

„Сепак, досега бевме сведоци дека ОПЕК + го стабилизира глобалниот пазар на нафта бидејќи го намалува производството на нафта кога е потребно“, рече тој, изразувајќи сомнеж дека глобалните цени на нафтата ќе се намалат.

Според Чернов, очекуваното закрепнување на кинеската економија во втората половина од годинава би требало да ја поттикне побарувачката за нафта и нафтени деривати,“ рече тој.

„Да не одлучеше ОПЕК + да го намали производството на нафта, таа сега ќе се продаваше за многу под 70 долари [за барел]“, тврди аналитичарот на „Телетрејд“, Алексеј Фјодоров.

Падот на цената на нафтата во март беше поттикнат од падот на довербата во американските банки и делумно во европските кредитори, истакна тој, додека побарувачката за нафта се намали од есента 2022 година.

Фјодоров се сомнева дека рецесискиот пад на цените на нафтата ќе се надомести подоцна во 2023 година, но верува дека ОПЕК + може да го ублажи тоа или да го намали неговиот размер.