Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Куманово, фатен на дело, одземеното вратено на сопственикот

Вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А. Р. (20) од Куманово.

Тој бил затекнат при извршување кражба во двор од куќа сопственост на В. Ц. (84) од Куманово, во населбата Стари лозја, при што одзел неколку предмети.

Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК

Апсење на Долно Блаце

ДЕСК