Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пресечен канал за трговија со дрога: тројца фатени со 100 кг марихуана од фабрика за масло од канабис

Приведени три лица во Неготино кај кои при преглед на возило „мерцедес“ биле пронајдени четири патни торби со речиси 100 килограми марихуана.

Според информациите, се работи за Б. А. (37) од с. Буковиќ, општина Сарај, М. А. (21) од с. Копаница и Н. А. (18). Возилото со скопски регистарски ознаки го управувал Б. А., а дрогата што е пронајдена е во вредност од приближно 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра.

Имено, околу 20.00 часот, на булеварот Маршал Тито во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа возачот Б. А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземените мерки, било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М. А., а совозач бил Н. А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“.

Подоцна, со судска наредба биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М. А. биле пронајдени и одземени два пиштола, што ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ-Талевска од МВР.

Во врска со настанот, во текот на денот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи со претставници на Комисијата за оценување исполнетост на услови во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство, ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК