23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ковачевски: Никој не беше оставен сам да се справува со кризата, го исполнивме ветувањето

Го исполнивме ветувањето и никој не беше оставен сам да справува со кризата, има струја и има парно, рече премиерот Димитар Ковачевски презентирајќи го годишниот финансиски извештај на АД ЕСМ за 2022 година.

– Цената на електричната енергија за домаќинствата не се зголеми. Цената на електричната енергија за малите потрошувачи, за 72.000 компании кои вработуваат 98% од работниците во државата се намали за 20% спротивно на сите прогнози кои доаѓаа од целиот свет. Тоа е единствено заради зголеменото производство на електрична енергија во АД ЕСМ. Тоа исто така овозможи да обезбедиме евтина електрична енергија за производителите на основни прехранбени производи, за училиштата и да го стабилизираме снабдувањето со електрична енергија на основните функции на државата, пред се на здравствениот систем. Заради тоа веќе неколку месеци заради и другите мерки кои ги презема Министерството за економија, во делот на цените, од октовмри наваму имаме намалување на инфлацијата, истакна Ковачевски.

Премиерот додаде дека земјава го донесе и најголемиот пакет антикризни мерки во регионот, оценет и од Светска банка, за граѓаните, посебно заради најранливите категории на граѓани и за одржување на ликвидноста на компаниите од над 760 милиони евра.

-Ова се стратешки политики и вистинска грижа за граѓаните и за компаниите во време на криза. Ова немаше да биде можно без напорната работа на министерот за економија, целиот менаџмет и вработени во АД ЕСМ, менаџментот и вработените на АД МЕПСО. Напорната работа и анализи на РКЕ, напорната работа и посветеност на АД ГАМА, НЕР, напорната работа на нашите претставници кои што комуницираат со нашите стратешки партнери во делот на непречено снабдување со енергенси и суровини за производство на електрична енергија од соседните земји. За тоа на сите сакам да им се заблагодарам во име на Владата, во мое лично име и се надевам во име на граѓаните кои што верувам дека знаат да го ценат ова што беше направено во најтешката зима која помина зад нас, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ: Дали линеарното зголемување од 1.000 денари во септември ќе го изеде инфлацијата и скапотијата?

ДЕСК

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК