Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна казна затвор

Денеска (05.04.2023) во 10.05 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишиле од слобода Т.П.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК