Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија две возила со скопски таблички: Петмина се повредени, меѓу кои и две малолетни девојки

На 31.03.2023 околу 06.55 часот на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Лисец“ во населба Горно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од А.К.(24) од Скопје и патничко возило „фиат“, управувано од С.К.(33) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК