Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Глоба за тетовец поради фејсбук-објава против поранешната амбасадорка на САД

Тетовското Обвинителство до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за повреда на угледот на странска држава.

„Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа ‘Фејсбук’, на 12.4.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјата и на тој начин го сторил кривичното дело“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.​

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК