Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот за правда Кренар Лога и министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ потпишаа заедничка изјава за зајакнување на соработката во делот на реформите во правосудството

Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со министерката за правда на Австрија , Алма Задиќ. Австрија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон Европската Унија. Лога и Задиќ потпишаа заедничка изјава за соработка на двете министерства во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право , борбата против корупцијата, дигитализацијата на правосудството. Министерите се договорија ,Австрија преку свои експерти да го пренесе своето знаење и искуство, вклучувајќи професионални обуки на судиите и обвинителите.Министерот за правда Кренар Лога рече дека секоја помош на Австрија е добредојдена за натамошниот развој на државата. Министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ му посака успешна работа на министерот Лога и порача дека фокусот на регионот треба да биде насочен кон борбата против корупцијата и спроведувањето на реформите.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција за во 13 часот и 30 минути

ДЕСК

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: За чии интереси делува СДС, Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР от на СДС

ДЕСК