3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Расчистени кражби во спортска обложувачница и три куќи во Штип, крадците приведени

Полицијата приведе пет крадци во Штип, расчистени се четири кривични дела за тешка кражба.

Според информациите од МВР, расчистена е кражба во обложувачница во Штип, од каде што биле одземени предмети, а осомничени и приведени биле двајца соизвршители, Е. Џ. (20) и еден малолетник од Штип.

Другите три кривични дела тешка кражба биле извршени на 20 март, при што од три куќи во селото Калапетровци, Штипско, биле одземени разновидни предмети, а сторителите Д. А. (30), А. С. (40) и Џ. И. (33) од Штип биле фатени на самото место додека го извршувале кривичното дело и биле лишени од слобода.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Спонзорирано: