Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени пет крадци во Штип, расчистени 4 кривични дела „тешка кражба“

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија 4 кривични дела „тешка кражба“, од кои една „тешка кражба“ извршена на 13/14.03.2023 од обложувалница во Штип, од каде биле одземени предмети, а осомничени и приведени биле двајца соизвршители, Е.Џ.(20) и еден малолетник од Штип.

Останатите три кривични дела „тешка кражба“ биле извршени на 20.03.2023, при што од три куќи во с.Калапетровци, штипско, биле одземени разновидни предмети, а сторителите Д.А.(30), А.С.(40) и Џ.И.(33) од Штип биле фатени на лице место, додека го извршувале кривичното дело и биле лишени од слобода.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК