Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Починат маж по удар од воз

На железничката пруга во населбата Хиподром, без знаци на живот, било пронајдено тело на машко лице удрено од воз, информираат од полицијата.

Имено, вчера, околу 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на железничката пруга во населбата Хиподром, без знаци на живот, било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз.

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а за случајот бил известен јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од „Железници на РСМ“.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаат изборниот екстерен испит

C +

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

ДЕСК