Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Намалување на материјалот за државна матура – барањата на средношколците исполнети

Иницијативата за промена на полагањето на државната матура за матурантите во 2023 година на ОДАС се оствари со една одржана дебата, еден одржан протест и 100% исполнето барање. Истата е успешна поради залагањето и учеството на средношколците од цела држава, велат од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколци и студенти.

„Исполнетото барање се однесува на: Намалување на обемот на тестот предвиден за полагање на државната матура. А дополнително остваривме уште еден чекор кој на матурантите ќе им го олесни полагањето на матурата, односно: Задолжителни банки на прашања за интерните предмети, во обем трипати поголеми од интерниот испит, и тоа четири недели пред самиот испит“, посочуваат средношколците во информацијата.

Ги охрабруваат како што велат, сите средношколци да останат активни чинители во општеството, да го следат работењето на институциите и навремено да реагираат за обезбедување на покреативни и поиновативни решенија.

„Ве покануваме да не следите за информации околу следниот Национален средношколски самит 2023, на кој претставници од сите средни училишта ќе ги искажат своите ставови и ја креираат втората Национална декларација на средношколците. Мило ни е што нашата брза и навремена иницијатива доведе до започнување на разговори со МОН, предизвика промена во овогодинешната матура и го разбуди Сојуот на средношколци да се заложи за барањата на средношколците“, е наведено во соопштениетот од ОДАС.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +