Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ објави видео: Вака беше, само Мицкоски не аплаудираше за членството во НАТО

Соопштение на СДСМ:

Пред три години Република Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, полноправна членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот.

При овој свечен настан, кога признанија и честитки за завршувањето на 30-годишниот пат на државата до полноправно членство во НАТО пристигнуваа од сите страни, само Христијан Мицкоски молчеше.

Само Мицкоски не аплаудираше, во Собранието при ратификацијата на Северноатлантскиот договор.

Не смогна сили ниту да се израдува на историскиот успех, за остварување на една од клучните стратешки цели на државата.

Мицкоски не само што не може да се помири со успесите на државата, туку уште попосветено работи против европската агенда.

СДСМ ја оствари стратешката цел за членство во НАТО и продолжува со реализирање на втората стратешка цел, членство во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК