Centar.mk
ЛОКАЛНО

Минатата недела санкционирани се 225 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 20.03. до 26.03.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Во очи на „Скопје европска престолнина на културата“ – ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ

ДЕСК

Битола: Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година

ДЕСК

Ученици од Општина Илинден во посета на градоначалникот Александар Георгиевски

ДЕСК