15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пратеничката Марија Георгиевска на Панел-диксусија во Виена

Пратеничката Марија Георгиевска, заменик-членка на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, учествува на Панел-диксусија на тема „Зајакнување на регионалната соработка за парламентарниот надзор за одбрана и безбедност во Југоисточна Европа“.

Панел-дискусијата се одржува во Виена, Австрија, во рамките на 1039-тиот пленарен состанок на FSC Безбедносен дијалог, фокусирајќи се на регионалните механизми за градење доверба.

Учеството на истата е на покана на амбасадорот Синиша Бенцун, постојан претставник на Босна и Херцеговина во ОН, ОБСЕ и други меѓународни организации во Виена и д-р Сузан Е. Пенкса, раководител за безбедносна соработка, Мисија на ОБСЕ во Босна и Херцеговина.

Коорганизиран од Претседателството на БиХ со Форумот за безбедносна соработка (ФСЦ) и Мисијата на ОБСЕ во БиХ, овој настан има за цел да ги истакне успесите на регионалната парламентарна соработка и да го стимулира дијалогот за повторно воспоставување на годишен форум за органите на парламентарен надзор во одбраната и безбедноста.

Преку кратки презентации, прашања и одговори, акцент е ставен на историската позадина, модалитетите, резултатите и потенцијалот за градење доверба на регионалната парламентарна соработка.