6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Теренската кампања денеска продолжи во Свети Николе, Лозово и селата Ерџелија,  Милино и Мустафино

Во рамките на теренската кампања низ целата држава, со цел земјоделците да ги информираме директно од терен за сите нови мерки и програми, да им ги објасниме чекорите како успешно да аплицираат на јавните повици и да им одговориме на сите прашања, денеска карванот го посети регионот на Свети Николе и Лозово. Остварени беа и средби со земјоделци од селата Ерџелија,  Милино и Мустафино

Тимовите од МЗШВ, АФПЗРР, АПРЗ и АХВ, денеска се истовремено на повеќе локации со цел да се опфатат што поголем број земјоделци и мали производители. Се одржуваат темелни информативни средби на кои детално се објаснуваат постапките за аплицирање на јавните повици кои се во тек, за грантови до 10.000 евра.

Во моментов течат три јавни повици за финансиска поддршка: Јавен повик за мали винарии, Јавен повик за мали производители на храна од животинско потекло и Јавен повик за мали производитрли на храна од неживотинско потекло. За да можат да аплицираат на повиците, малите производители треба да се евидентираат како оператори со храна во АХВ.

Според нашите информации интересот е голем, а најмногу прашања има околу чекорите за евиденција и како да аплицираат на јавните повици. Токму за таа цел, веќе две недели интензиво тече теренска кампања на повеќе тимови, со крајна цел да се одржат над 500 состаноци со земјоделци низ сите региони. Информациите се споделуваат и на веб страната на министерството и на социјалните медиуми, што е многу важно за да допреме до секој земјоделец.

Освен групните средби со земјоделци, реализирани се и неколку идивидуални посети на сточарски фарми, пришто министерот Николовски и директорот Бачовски лично ги информираа сточарите за исплатените субвенции и за новите мерки наменети за поддршка на сточарството. Остварена е и посета на рурални  жени кои имаат мало производство за продажаба од праг и кои се потенцијални апликанти.

Токму тоа е и целта на теренските посети, да се мотивираат младите, руралните жени и сите производители од мал обем, да се евидентираат и да аплицираат на повиците за да добијат неповратна финансиска поддршка до 10.000 евра.

Во наредните денови кампањата ќе продолжи во другите региони во државата.

Спонзорирано: