Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борел

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија.

На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Република Северна Македонија, за реформскиот напредок во клучните области, како и за политичките состојби во земјава и во регионот.

Претседателот Пендаровски и високиот претставник Борел разменија мислења и информации за текот на пристапните преговори на Република Северна Македонија и скрининг процесот, и го поздравија одржувањето на денешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.

Двајцата соговорници на средбата разговараа и за состојбите и перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, како и за дијалогот Белград – Приштина во пресрет на утрешните преговори меѓу двете страни во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК