Centar.mk
ЛОКАЛНО

Посебен режим на сообраќај за сабота и недела (18 и 19.03.2023) во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (18.03.2023) и во недела (19.03.2023), поради изведување на градежни работи, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и тоа во сабота со почеток од 08.00 часот до завршување на градежните работи и во недела во периодот од 07.00 до 19.00 часот. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА НАЈМЛАДИТЕ – Новогодишните желби ќе се собираат од утре

ДЕСК

Зголемен возниот парк на комуналното претпријатие во Општина Илинден

ДЕСК

Одржана 26 седница на Заедничкиот консултативен комитет – силни општини за европски квалитет на живот

ДЕСК