Во гостување во Дневникот на Телевизија Сител, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски посочи дека изградбата на коридорот 8 и 10Д, е најголемиот инвестициски проект во историјата на Македонија.
-Обезбедени се 1,3 милијарди евра изградба на автопати во период од пет години со вкупна должина од 110 километри. За прв пат ќе се гради коридор 8 кој што никогаш не бил изграден и со кој што ќе можеме да излеземе и на пристанитето во Драч и на пристаништето во Бургас, порача Ковачевски.
Освен државата и граѓаните, додаде Ковачевски, придобивки од реализација на овој проект ќе имаат и македонските градежни компании.
-Во самиот договор со Бехтел и Енка конзорциумот кој што е над 400 страници многу јасно стои дека 51% од работите треба да ги извршат македонски подиизведувачи. Што значи од вкупната сума од 1,3 милијарди евра, над 650 милиони евра ќе завршат во македонските компании. Она што е важно за нашите компании е тие добро да се подготват за да ги претстават своите можности и своите капацитети пред овој конзорциум со цел да утре влезат во договорни односи со нив како би биле дел од овој проект, порача претседателот Ковачевски.