Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСM: Мицкоски во заложништво на Апасиев стана феномен, се што ќе каже излегува обратно

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски, како политичар без став стана заложник на популистичката и потпалувачка реторика на Димитар Апасиев.

Ова заложништво на политичката сцена создава феномен – се што ќе каже Мицкоски излегува обратно.

Мицкоски во јануари тврдеше дека во февруари годинава Собранието ќе се распушти и ќе следуваат предвремени парламентарни избори во месец мај.

На истекот на февруари нема распуштање на Собранието, ниту предвремени избори, но има зголемено парламенарно мнозинство на СДСМ и коалицијата.

И тезите на Мицкоски за енергетската криза излегоа погрешни. Тврдеше Мицкоски дека нема да има доволно струја дека ќе има рестрикции, дека електричната енергија драматично ќе поскапи.

А излезе обратно, домашното производство на електрична енергија бележи рекорди и среде зима има извоз на електрична енергија. Цената на струјата за 72.000 компании е намалена за околу 20 отсто, а домаќинствата немаат зголемени сметки за електрична енергија.

Се што Мицкоски кажа – излажа, се што прогнозираше – излезе обратно, затоа неговите деструктивни политики одново се осудени на пропаст.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +