Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожари и во Велес

Според информацијата добиена во 09.05 од страна на Директорот на ЈП Национални шуми подрачна единица ,,Бабуна” од Велес, пожарот во атарот на с.Бистрица, во месноста ,,Бистрички очи”, Општина Чашка, што беше поделен на два крака, едниот крак над с.Ореше и другиот крак над с.Папрадиште и што зафати поголема шумска површина е изгаснат и нема димење.

Исто така и пожарот кај месноста ,,Мукос – Јасенова глава”, Општина Чашка што се појави во 14.00 часот во текот на вчерашниот ден е изгасен.

Од страна на ЈП Национални шуми подрачна единица ,,Бабуна” од Велес, сме известени дека и пожарот кон с.Гостиражни е изгасен во текот на ноќта.

-На лице место од страна на ЈП Национални шуми подрачна единица ,,Бабуна”, од Велес, има поставено по двајца вработени кои ке ги надгледуваат опожарените делови во случај повторно да се појави задимување. Површините на опожарените делови се непознати и ке се утврдуваат во текот на денешниот ден.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК