Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Славески: Додека СДСМ и ДУИ во хор се фалат дека ги зголемиле платите, реалната плата и куповната моќ на граѓаните падна

Се вели дека некои луѓе може да ги лажете цело време, сите луѓе можете да ги лажете одредено време, но не можете сите луѓе да ги лажете цело време. На Владата на ДУИ, поддржана од СДСМ, ѝ успеа во изминатите една-две години да излаже некои луѓе на одредено време дека ги зголемува платите, но вистината излезе на виделина, според податоците од Државен завод за статистика за исплатената просечна нето-плата во Македонија, истакна Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во периодот за кој ДУИ и СДСМ во хор се фалат со зголемување на платите, граѓаните се соочуваат со она што и Статистиката го констатира. Куповната моќ на платите, т.е. вредноста на реалната плата во земјата, континуирано се намалува, од што најмногу страдаат семејствата со пониски доходи. Најголем пораст на цените бележат производи со највисоко учество во семејните буџети на овие семејства, како што се храната и трошоците поврзани со домувањето“, реагира Славески.

СДСМ и ДУИ, како што додава, својата економска логика треба да ја приспособат на логиката на просечен земјоделец.

Според Славески, на земјоделците не им е битно колку изнесува цената на еден трактор лубеници или зелка, туку колку вреќи ѓубриво или средства за заштита на растенијата може да купат со тие пари. И колку пари им остануваат откога ќе ги намират сите трошоци за да може да ги прехранат своите семејства, истакнува Славески.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК