Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработените во болницата „8-ми Септември“ утре излегуваат на протест

Вработените во здравствената установа ГОБ „8-ми Септември“ утре ќе протестираат пред влезот на болницата поради неисплатената плата.

Од болницата најавија дека протестот ќе се случува од 13 до 13.30 часот, за време на законската пазуза што нема да го наруши работниот процес во здравствената установа.

Ги повикуваат нивните колеги да се приклучат кон мирниот протест и да го изразат своето незадоволство.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) претходно соопшти дека најдоцна до понеделник ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи, по сајбер-нападот на системот за работа во оваа институција од почетокот на минатата недела.

Проблемите предизвикаа револт кај здравствените работници, кои преку синдикатите порачаа дека ако до утре не земат плата, ќе преземат други чекори за да си ги добијат парите.

Првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски изјави дека решение е најдено и повика на трпение.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК