Centar.mk
БИЗНИС

Завршување на процесот за издавање на еврообврзницата ќе се изврши по изборот на нов министер за правда

Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда. Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција. За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики.

Согласно процедурата за избор на нови министри во Владата на Република Северна Македонија, Собранието на 13 февруари 2023 година прими оставки од четворица министри, меѓу кои и министерот за правда, кои се прифатени од Собранието. Законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА – Дизелот достигна 100 денари, возачите утре ќе дознаат дали следува нова промена на цените

ДЕСК

УШТЕ 20 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА – Најавено намалување на административните процедури

ДЕСК

ВОЛСТРИТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – Вредноста на технолошките акции се намали за илјадници милијарди долари

ДЕСК