Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Левица: Не е вистина оти сме направиле кворум за владина реконструкција

Лажни се обвинувањата дека сме направиле кворум на Владата, велат од Левица, откако ВМРО-ДПМНЕ претходно објави дека партијата ги спасува Ковачевски и Ахмети од бламирање.

Според Левица, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ повторно извиси да обезбеди ново парламентарно мнозинство, за да го амортизира незадоволството во членството, одлучила со лаги и манипулации да ги нападне.

„Пратениците на Левица воопшто не гласаа за дневниот ред на 103 седница, а беа присутни во салата затоа што имаа нивен предлог-закон за измена и дополнување на Кривичниот законик, по што истите ја напуштија салата. За јавноста да ја знае вистината, потенцираме дека во салата претходно веќе имаше обезбедено кворум од 62 пратеници на владејачкото мнозинство“, велат од Левица.

На Мицкоски, наместо да се занимава со нив, од партијата му препорачуваат да ја започне долгонајавуваната блокада на институциите, како што самиот ветуваше доколку нема избори.

ВМРО-ДПМНЕ претходно објави дека дневниот ред на 103-тата седница е изгласан со 62 гласа, со поддршка од двата пратеника на Левица.

„Левица гласаше ЗА седницата за владина реконструкција и уште еднаш на дело покажа дека се фолиранти, а не опозиција.
Секогаш кога на СДС и ДУИ ќе им затреба кворум, тука е Левица со своите два пратеника да направи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК