5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за новата коалиција: Ова не се одлуки поради партиски желби

Премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците кажа дека вклучувањето на Алијанса за Албанците во мнозинството не е поради партиски интереси, туку за развојот на државата. Смета дека политиката за него е одговорност и дека одлуките ги носи за граѓаните на државата, а истовремено, потенцира дека не се грижи за својот рејтинг. Додека тој говореше, дел од пратениците од опозицијата бурно реагираа потсмевајќи се на говорот.

„Ова не се одлуки поради партиски желби и затоа сакам да прецизирам, денеска носиме одлука дали и како ќе останеме на единствениот пат на државата, дали ќе останеме на патот на развојот или како што сакаат негативните фактори, да ја в турнеме државата во неред. Не калкулирам и не се грижам за личниот рејтинг, на прво место го ставам државниот интерес. Од денот кога станав премиер, реков дека во Владата секогаш ќе има отворена врата за сите партии и личности кои ќе работат за иднината на државата. Така се справивме и се справуваме со најтешката криза, со многу труд успеавме да имаме 40 проценти домашно производство на електрична енергија, да ја стабилизираме инфлацијата, да инвестираме во капитални инвестиции…“, кажа Ковачевски во дел од говорот.

Според премиерот, во Македонија има луѓе кои сакаат да крадат и да бегаат надвор со украдени пари.

„Тоа го прават ВМРО-ДПМНЕ и структурите на Левица. Граѓаните и историјата ќе судат. Јасно и познато е дека со ситни души, државата не се прави ниту се води“, посочи Ковачевски, на што доби бура од реакции од пратениците на опозицијата.

Во неколку наврати во својот договор додаде дека новата коалиција е за интересот на граѓаните.

„Не можеме да дозволиме да биде разговорот за фотелји и директори. Сега е време за врвните интереси на граѓаните и државата, да биде координирани и сплотени, да работиме за себе дома“, кажа Ковачевски.