Centar.mk
БИЗНИС

Исплатени субвенциите за лозарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади.

Со исплатата се опфатени 14.830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари.

“Со оваа исплата започнуваме со континуирана исплата на директните плаќања за поднесените барања за растително и животинско производство“, информира директорот Бачовски.

АФПЗРР во следниот период ќе ги интензивира активностите во поглед на исплата на субвенциите за 2022 и 2023 како важна државна поддршка за оддржување и зголемување на земјоделското производство.

Можеби ќе ве интересира

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК