Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две сестри осомничени за илегална трговија со дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, на возраст од 26 и 28 години, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 10 февруари, во нивниот дом во Кавадарци, биле пронајдени 17 пакувања со вкупно 147,16 грама амфетамин, 16 таблети метилен-диоксиметамфетамин, потоа 15,89 грама марихуана во две пакувања и уште четири рачно направени цигари со мешавина од марихуана и тутун.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставиl предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Ценејќи ги сите околности, Основниот суд во Кавадарци на осомничените им определи мерка куќен притвор​, велат надлежните.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК