Centar.mk
КУЛТУРА

Иван Поповски по 8 години ќе режира во Македонија, Синиша Евтимов со театарска претстава на хит-серијата “Ало Ало”

Со одобрени 2,8 милиони денари (45 илјади евра), операта „Набуко“’ на Националната опера и балет (НОБ) е најскапиот проект во музичко-сценската дејност од националните установи, а со по 2 милиона денари (32.360 евра) „Иванов“ и „Едвард Втори“ се најскапите претстави во драмската област поддржани од Министерството за култура за 2023. После осум години, во Македонија ќе работи режисерот Иван Поповски, кој над 2 децении е наградуван и признат режисер во Русија. Последната претстава на Поповски беше во Македонскиот народен театар (МНТ), „Мајсторот и Маргарита“ во 2015.

Театарска верзија на хит-серијата „Ало, ало“ ќе постави Синиша Евтимов, пишува СДК.мк.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги објави резултатите од Конкурсот за годишната програма во културата за 2023. Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Грчки поет ја објавува својата прва книга на македонски јазик: „Договорот што ми беше наметнат – денес го палам“

ДЕСК

Утревечер во „Љубов“ започнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ на Култура Бета

ДЕСК

Педесет ракописи во конкуренција за наградата „Пегаз“ за 2026 година

ДЕСК