Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска во официјална посета на Париз

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска е во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе се сретне со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, како и со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура.

На средбата ќе стане збор за активностите во рамките на УНЕСКО, а ќе бидат разгледани и плановите и проектите што ќе се реализираат во текот на оваа година, кога се одбележуваат 30 години од нашето членство во оваа еминентна организација. Ќе стане збор и за соработката со Центарот за светско наследство на УНЕСКО и советодавните тела и нивната експертска помош.

Костадиновска-Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, заедно со Татјана Краљевска-Лазарова, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, во попладневите часови ќе присуствува и на 16. сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита и унапредување на разноводноста на културните изразувања, која од 7 до 10 февруари се одржува во седиштето на УНЕСКО, во Париз.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК