Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Новинари и граѓани со честитки и пофалби до македонската полиција: Безбедноста на највисоко ниво, достоинството сочувано!

Бројни честитки и пофалби до МВР и македонската полиција на социјалните мрежи од страна на новинари и граѓани за вчерашното одбележување на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Од сето она што можевме да го видиме во текот на вчерашниот ден, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски си го исполни ветувањето дадено во неколку наврати за време на неговите медиумски гостувања во изминатите денови – дека нема да дозволи понижување на македонскиот народ и на државата и дека никој не треба да се грижи за безбедноста, за што сведочат изјавите и објавените статуси по социјалните мрежи од страна на новинари и граѓани кои беа дел од чествувањето.

Ова се само дел од мноштвото објави во кои се упатуваат честитки до МВР за организацијата на настанот на гробот на Делчев и за спроведувањето на безбедноста на граничните премини.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК