Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално

Каевски: Наместо проекти и решенија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините

Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник:

Масовна партизација, поскапи услуги за граѓаните и задолжување на општините, тоа е учинокот на градоначалницитена ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски за првите 16 месеци власт.

Наместо проекти и решенија за развој, градоначалниците и советничките групи од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините кои важат за едни од најбогатите и финансиски најстабилните.

Градоначалникот на Гази Баба со обврзница од пет милиони евра ја задолжи општината без при тоа да биде наведено на кој рок ќе биде издадена обврзницата, без да биде наведено колкава е каматната стапка.

Тој пример го следи и градоначалникот на општина Бутел, кој ќе издаде обврзница во вредност од два милиони евра или неверојатни 55 отсто од годишниот буџет на општината.

Претходно постапка за издавање обврзница издаде и општина Аеродром предводена од Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ, а обид за издавање имаше и општина Штип.

Освен што овие обврзници се издаваат во период кога каматните стапки се значително високи, заедничко за сите обврзници е што тие ќе можат да бидат откупени од било кој приватен субјект.

Со тоа се создава опасност, обврзниците да бидат купени од големи градежни компании и крупниот бизнис и потоа да можат да влијаат врз работата на градоначалниците, при носењето урбанистички планови или одредени тендерски постапки.

Ваквото масовно задолжување, лично го најави шпицниот градоначалник Мицкоски.

16 месеци изминаа, а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо.

Потрошија милиони за партиски вработувања, за набавка на скапи мобилни телефони и компјутери, се испокараа за провизии и тендери, а интересите на граѓаните се целосно игнорирани.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе