Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

240 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив девет возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС ВО СУДОТ ВО ГОСТИВАР – Нападнат судски полицаец со стаклен предмет, закани и кон обвинителка

ДЕСК

Панова: Потребно е да се направи јасна разлика меѓу политичките интерпретации и институционално утврдените факти за Алта банка

ДЕСК

Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината, вели Битиќи

ДЕСК