Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Османи – Кучуќ

Во рамките на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со европратеникот и известител за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Кјучук.

Соговорниците разменија мислења за тековниот пристапен процес на Северна Македонија во ЕУ и потребата за забрзана евро-интеграција за сите држави од Западен Балкан во дадениот геополитички контекст. Европскиот пат позитивно ќе влијае врз демократската и економска консолидација на земјите од регионот.

На средбата се разговараше за последните актуелности во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, поврзани со физичкиот напад врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

Врз севкупната атмосфера во овој период секако не придонесуваат провокативните и навредливи изјави на член на европскиот парламент, нагласи Османи, за што веќе се упатени соодветни официјални реакции.

„Го информирав европратеникот Кјучук за напорите за деескалација на заострената реторика во односите меѓу нашите две држави, и потребата од враќање на позитивната динамика во нашите односи“, изјави Османи. Нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија треба да бидат посветени на интензивирање на политичкиот дијалог, со цел враќање на довербата.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ ВЕЌЕ ПОБЕЛЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА – Еве каде падна, а УХМР најавува нови снежни врнежи

ДЕСК

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

ДЕСК

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

ДЕСК