Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Рубља патриотите на Апасиев во град Скопје ги гласаа бизнисите на ДУИ-СДС и Арсовска

Рубља патриотите на Апасиев во град Скопје, заедно со уценетата ГРОМ чија улога е да биде портпарол против ВМРО-ДПМНЕ ги гласаа бизнисите на СДС, ДУИ и Арсовска поврзани со изработка на урбанистички планови и уредување на градежно земјиште, велат од опозициската партија преку соопштение.

„Сложната коалиција составена од фолирантите од Левица со директори во Град Скопје, криминогената СДС и нивните газди ДУИ лесно се удружија да изгласаат изработка на нови урбанистички планови, нов градски бетон и уредување на градежно земјиште за заштита на приватни бизнис интереси.

Лицемерието на рубља патриотите од Левица кои пред јавност глумат Че Гевара, а зад сцената прераснуваат во Путинови олигарси од балкански тип се гледа и во фактот што се најголеми поддржувачи на новото задолжување што го планираше Арсовска, за кое нема елементарни податоци и информации, додека за задолжувањата за градинки, нови паркови и училишта во Штип, Аеродром и други општини се остро против. Разликата е што Арсовска го остварува интересот на Левица што се гледа и во неколкуте директорски места во градот Скопје со што ја споделуваат власта со СДС и ДУИ.

Апасиев кој ја има улогата дадена од СДС да биде опозиција на опозицијата добро нека го погледне видеото каде јасно се гледа како советниците на СДС, ДУИ, ЛЕВИЦА и Гром гласаат бизнис интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.