Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски во депресија, му се клати фотелјата во Белиот дворец

Сооптение на СДСМ:

„Анти НАТО и анти ЕУ протагонистот, Димитар Апасиев е во параноја. По дефиниција параноја е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Изнесувањето лажни обвинувања и општа недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата.

Добивај вести на вибер
Додека Апасиев делува во параноја, неговиот заложник, Христијан Мицкоски е во депресија, се што кажа излезе обратно, се што предвидуваше и се надеваше му пропадна, му се клати фотелјата во Белиот дворец.

Мицкоски е човек кој со години зборува само за ново мнозинство кое само што не го постигнал и предврмени избори кои само што не се случиле.

Поминаа години, не само што нема ново мнозинство како што најавуваше Мицкоски туку владиното мнозинство ќе се зголемува а нема ниту предвремени избори.

Немало досега политичар на македонската политичка сцена кој немал став за клучни прашања за државата а она што го предвидувал излегло обратно. Буквлано се’ му пропадна на Мицкоски. Едно големо ништо“.

Можеби ќе ве интересира

Скопски полицаец уапсен за изнуда

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Синоптичарите со нови најави за предновогодишните денови

ДЕСК

Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури

C +