12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети нa средба со британскиот амбасадор: Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Метју Лосон.

Ахмети и Лосон поразговараа за политичкиот моментум, важноста на политичката стабилност, европската алијанса на прогресивните сили, единството за усвојување на уставните измени без пролонгирање и целосниот фокус на земјата во спроведување на реформите за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.

Ахмети изрази благодарност за поддршката што британската држава отсекогаш ја давала на процесите за демократски и економски развој на земјата, на членството во НАТО и интеграцијата во Европската Унија, како и за конструктивната поддршка во надминувањето на споровите во духот на добрососедството и унапредување на европскиот пат.

Ахмети го информираше амбасадорот Лосон за информативните средби што Демократската унија за интеграција ги одржува со граѓаните под мотото “Заедно кон Европа“ за да се пренесе јасна порака за здружување на силите во мисијата за интеграција.

Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината, нагласи меѓу другото Ахмети.

Амбасадорот Лосон ја повтори британската поддршка за европската интеграција на Северна Македонија, како и на реформите во земјата, но и на големиот интерес за зголемување на британските инвестиции во нашата земја.

Спонзорирано: