Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со владините мерки и политики европските пазари стануваат подостижни за нашите компании

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска посетија уште една компанија која средства од ИПАРД Програмата ги вложиле за иновација и трансформација на нивните производствени капацитети. Компанијата „Фор Лејди“ која се занимава со производство на хулахопки и чорапи започнале проект за развој на иновација и трансформација на бизнис моделот од линеарен во циркуларен. Машините кои ги обезбедиле преку ИПАРД, го зголемиле капацитетот и квалитетот, имаат и дополнителен импакт во производствениот процес, односно ја исфрлаат употребата на пластика и користат енергетски ефикасни машини кои заштедуваат енергија.

„Владата прави сѐ за европските пазари повеќе да не се недостижни за нашите компании. Со мерките и стратегиите кои ги спроведуваме создаваме услови европските земји да се потенцијал за создавање нови партнерства со компаниите од нашата земја. Така вложуваме во економски раст, така ја правиме конкурентна и работната сила од нашата земја. На тој начин правиме младите кои работата во наште домашни компании, нивното знаење, креативност, стручност и експертиза да биде препознаено и ценето на меѓународните пазари“ изјави премиерот Ковачевски за време на посетата.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК