Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со амбасадорот на Унгарија: Интеграција во ЕУ без дополнителни уцени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Андраш Клајн.

На средбата беше посочено од страна на Мицкоски дека блокадата со која се соочува државата на патот кон ЕУ интеграциите поради потребата за уставни измени преставува доказ за погрешните чекори и слепата улица во која е доведена Македонија како последица на капитулантската надворешна политика, но и чекорите без стратегија со која владата ја доведе земјата во незавидна состојба.

„Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, а сите спротивни изјави од првенците на власта се само евтин политички маркетинг и дефокус од нивната неспособност, власта нема мнозинство гласови да работи спротивно од волјата на народот“, посочи Мицкоски на средбата со Клајн.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека на Македонија и’ е потребна интеграција во ЕУ базирана на извесна иднина без дополнителни условувања и уцени.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +