Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не соопшти какви задачи доби на маса од Али Ахмети и Еди Рама

Ковачевски ги потврди нашите сомневања, средбата во Тирана е со цел спасување на неговата политичка кариера и кариерата на Али Ахмети. Вчера, Димитар Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не ѝ соопшти на јавноста што сè доби на маса за спас на Владата. Јасно е дека средбата во Тирана не беше само за новогодишен ручек, туку за спас на владината коалиција на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали Ковачевски треба да прифати нови национални предавства или, пак, на маса му се ставени нови бизнис-интереси на ДУИ и додаваат дека Димитар Ковачевски треба да се охрабри и да каже какви задачи доби од Али Ахмети и Еди Рама.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски ќе прифати сè што ќе му дадат знаејќи дека неговиот рејтинг се движи во статистичка грешка и граѓаните секој ден сè помалку ѝ веруваат на оваа влада.

Доколку СДС и ДУИ сметаат дека сè што прават е за доброто на граѓаните, наместо средби во други држави, нека се охрабрат и нека закажат средба со граѓаните на предвремени парламентарни избори.

Само договор со граѓаните е за доброто на државата, ама по сите предавства и криминали што ги направија, свесни се дека граѓаните ќе ги казнат за сите национални разнебитувања, се вели во соопштението.