Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Избори во 2024-та година

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш рече дека предвремени парламентарни избори нема да има, туку дека изборите ќе се одржат во 2024 година.

Според Ковачевски, комплимент е тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај, односно напролет, зашто тоа е показател дека Владата ефикасно се справува со енергетската криза која завршува на 30 април.

-Мицкоски по не знам кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став кој не го менувам секоја недела како него, дека избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин зашто имаме економска и енергетска криза. Воедно, скрининг процесот е почнат и е во тек, а и земјава е претседавач со ОБСЕ. Сигурно тоа нема да го прекинуваме за да му удоволуваме на Мицкоски и на неговите партиски желби. Избори ќе има во 2024 година. На парламентарните избори ќе победат СДСМ и коалициските партнери, а на претседателските кандидатот што тие ќе го предложат. Тоа што Мицкоски бара избори во мај е комполимент за Владата, смета дека Владата одлично се справува и со економската и со енергетската криза која завршува на 30 април. Можам само да му се заблагодарам за довербата дека добро се справуваме со кризата, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК