23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Годинава повторно ги зголемуваме минималната плата и пензиите

Соопштение на ДУИ:

И во текот на оваа година ќе продолжат успешните економски мерки во земјава. Демократската унија за интеграција од секогаш како приоритетен фокус ја имала грижата за граѓаните, така да од март ќе продолжи реализацијата на нејзиниот политички објектив за зголемувањето на пензиите за околу 7% за близу 330 илјади пензионери.

Заедно со пензиите се создадени услови за зголемување на минималната плата за 10%, која нема да биде ни помалку ни повеќе од 20 илјади денари, што ќе се усогласи со зголемувањето на платите во сите сектори.

Демократската унија за интеграција активно работи на привлекување на странски инвестиции кои отвораат нови работни места, а со тоа процентот на невработеност во земјава автоматски се намалува, исто така се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки.

Во Буџетот за 2023 година се предвидени 800 милиони евра за капитални инвестиции што ќе резултира со голем економски раст кој според прогнозите на Европската банка за обнова и развој ќе биде околу 2,3%.

Демократската унија за интеграција се залага за активна и ефикасна заштита на стандардот на граѓаните и обезбедува континуирана поддршка за компаниите.