Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и магливо

Денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во наредните денови продолжува стабилното време со релативно високи дневни температури, освен по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури.

Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +