Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Новогодишни пакетчиња за децата во Центарот за даунов синдром

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски подели новогодишни пакетчиња за децата од Центарот за Даунов синдром. Ова е прв Дневен Центар во државата, отворен е во соработка со здруженијата на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.
„Навистина е прекрасно кога ќе придонесете за нечија насмевка особено кога тоа е искрена и детска. Новогодишните пакетчиња се само мал гест кои донесоа огромното задоволство и кај нив и кај нас. Од овие деца треба да научиме дека радоста е во малите работи. Им благодарам за убавиот пречек и внимателно изработените честитки“, истакна Герасимовски.
Општина Центар оваа година ќе подели 3000 новогодишни пакетчиња кои се донација од општествено одговорните компании. Ова воедно е и најголема бројка која општината воопшто ја поделила досега. Овие денови градоначалникот Герасимовски и општинската администрација поделија пакетчиња во Дневниот Центар за церебрална парализа во Киро Глигоров, Детската Клиника, Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, Здружението на слепи лица со оштетен вид, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Здружението на граѓани за хуманитарна помош ЗАЕДНИЧКИ ДОМ за мајки и деца од Украина, Дневниот центар за лица со попреченост +18 “Пролет”, Центарот за Даунов синдром и паралелно пакетчиња се делат во детските градинки. Новогодишни пакетчиња ќе бидат поделени и на дводневната предновогодишна забава која градоначалникот Герасимовски ја најави за 29 и 30 декември на улицата „Боемска 1“.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК