13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Само на тендери мислат, ВМРО-ДПМНЕ ништо не прави за загадениот воздух во Скопје

Соопштение на СДСМ:

Состојбата со загадениот воздух во Град Скопје е алармантна, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо за да се заштити здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ, не ги интерсираат граѓаните, мислат само на тендери, провизии и бизнис влијанија.

Ги заборавија ветувањата дадени пред граѓаните во кампањата дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на загадувањето.

Наместо тоа трикратно ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет, значително ги скратија и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица.

Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба.

Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.

ВМРО-ДПМНЕ, раководи со градот Скопје, преку градоначалничката, претседателот и мнозинството во Советот, најголем дел директори, членови на управни и надзорни одбори во јавните градски претпријатија.

Поради нивната неспособност Скопје деновиве е меѓу градовите со најзагаден воздух на светот.

Спонзорирано: