24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕСМ доби 20 милини евра европски средства како неповратна помош за зајакнување на хидроелектраните и за проширување на ветерниот парк

АД ЕСМ доби два гранта од вкупно 20,5 милиони евра од Western Balkans Investment Framework (WBIF), за проектите Ревитализација на хидроелектраните-трета фаза и за Ветерен парк Богданци-втора фаза.

И за двата проекти за финансирање се користат поволни кредитни линии и грантови од германската државна развојна банка КФВ, како и сопствени средства на АД ЕСМ, додека средствата од WBIF дополнително ќе го помогнат и забрзаат изведувањето на работите, соопшти ЕСМ.

Ревитализацијата на хидроелектраните-трета фаза, за која се добиени 11,2 милиони евра грант, опфаќа активности за зајакнување на инфрастуктурата, зголемување на доверливоста и оптимизација на производството на шест хидроелектрани: Вруток, Врбен и Равен во рамките на ХЕС Маврово, Глобочица и Шпилје во рамките на ХЕС Црн Дрим и хидроелектраната Тиквеш.

Ветерниот парк Богданци-втора фаза, за кој се добиени 9,3 милиони евра како грант, е проект со кој се проширува ветерниот парк со нови турбини, со кои електраната ќе се заокружи на првично проектираната инсталирана моќ од 50MW.

Western Balkans Investment Framework (WBIF) е заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски организации, донатори и помагатели, чија цел е подобрување на социо-економскиот развој на регионот и придонесување кон европската перспектива на Западен Балкан.