9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ се во стагнација

Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ:

Неспособност, хаос и партизација, тоа е заедничко за речиси сите општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е најизразено во Скопје, кој денес е блокиран град без функционални претпријатија и градска администрација.

По само една година власт, катастрофална е состојбата и во други општини предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Прилеп. Штип, Велес, Охрид, Радовиш, Виница се само дел од општините каде комуналните давачки се сериозно зголемени.

Овие, но и други општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони денари во сред криза за привремени вработувања и партизација на општините.
Општина Гевгелија е задолжена за 50 милиони денари, а долгот на општина Радовиш е зголемен за нови 800.000 евра.

Тоа е се што знаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да ги задолжуваат и партизираат општините, да удираат по џебот на граѓаните.

За една година никаде нема нов капитален проект, нема решенија, но затоа има масовна партизација и стагнација на општините.

ВМРО-ДПМНЕ постојано докажува дека е најнеспособната локална и градска власт, за една година ги заглави општините како што претходно 11 години ја имаше заглавено државата.

Линк до видео:https://youtu.be/n9HbifDZsnY

Спонзорирано: