Centar.mk
ЛОКАЛНО

Новогодишен базар ,,Патека на радоста 2023” во општина Илинден

Општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании подготвија интересни содржини за жителите, каде од денеска до 30 декември во комплексот на Спортско рекреативниот ценар во Марино, под мотото ,,Патека на радоста” ќе се одржи Новогодишен базар.

Базарот кој за прв пат се одржува во општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании, покрај интересни подароци за претстојните празници, ќе им понуди на граѓаните и богата музичка програма. Жителите во наредните денови ќе имаат можност во рамки на Новогодишниот базар да уживаат во одлична храна и топли пијалоци, дружење со Дедо Мраз, хуманитарна програма, детска програма, забавувачи и изведувачи, програма за секоја возраст.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

ДЕСК

Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

ДЕСК

Општина Битола е добитник на националната награда „Младински пријателски град” во Пелагониски регион за 2026 година.

ДЕСК