Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (15.12.2022) околу 22.30 часот ги лишиле од слобода Д.С.(32) од тетовско Јанчиште и З.С.(38) од тетовско Подбреѓе, поради сомнение дека сториле кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
Во акциска контрола реализирана вчера во два ВЛТ клубови во тетовско Раотинце и с.Јанчиште, спроведена во содејство со Управата за јавни приходи, откриена е нелегална веб платформа со листа од 370 корисници. Двете лица се сомничат дека на оваа платформа креирале кориснички имиња и им ставале кредит за обложување, а корисниците за добиените кредити им плаќале во готовина. При контролата, од двете лица биле одземени предмети поврзани со делото.
Инаку, во акциската контрола во Раотинце и Јанчиште биле затекнати и три малолетни лица во просториите за игри на среќа, од кои едно како вработен. Д.С. и З.С. се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.