Centar.mk
БИЗНИС

Со домашно производство целосно задоволени потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи, произведени 16.363 MWh во изминатото деноноќие

АД ЕСМ на 13.12.2022 година произведе 16.363 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 13.223 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.140 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

Можеби ќе ве интересира

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави

C +